Факултет за информатика

Обраќање на Деканот

Почитувани студенти,

Факултетот за информатика нуди програма од областа на софтверско инженерство која е креирана со цел да ги покрие областите кои се застапени во професионалните IT околини. Програмата обезбедува солидна, добро создадена основа во различни области: програмирање, веб апликации, мултимедија, бази на податоци исл. За време на студиите, Вие ќе се развивате како личност и ќе научите како да креирате и одржувате сопствен производ во повеќе различни домени.

Предметите ќе ви бидат презентирани преку нашите истакнати професори со големо меѓународно искуство во предавања и истражувања. Верувам дека за време на студиите ќе стекнете нови знаења и вештини за уште подобро да се справите со предизвиците во глобалната, динамична ИТ средина во која живееме и работиме. Во текот на студиите – ние ќе ви обезбедиме професионална пракса во реномирани компании кои се наши партнери – со цел да го унапредите вашето знаење од различни области и да ги збогатите вашите лични искуства.

Проф. д-р Зоран Гацовски

Декан на факултет за информатика