Image

Почитувани,

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве информираме дека на ден 13.01.2021, Европски Универзитет Скопје склучи Меморандум за соработка со Медицинскиот Универзитет во Пловдив, Р.Бугарија.

Како државна високообразовна установа со 75-годишна традиција во областа на медицинската едукација и втор по големина во Р.Бугарија, Медицинскиот Универзитет во Пловдив има меѓународно реноме базирано на квалитетно образование, напредни медицински третмани и богата  научно-истражувачка дејност. Изразуваме благодарност до МУП што го препозна квалитетот и потенцијалот на Европски Универзитет и пристапи кон официјализирање на соработката која што е прва од ваков тип во регионот – директна и отворена соработка помеѓу приватен и јавен универзитет од две различни држави.

Фокусот во оваа фаза е насочен кон Факултетот за дентална медицина во состав на МУП, за што во скоро време ќе бидат преземени конкретни чекори за реализација на одредени активности во областа на размена на академски кадар и студенти,  специјалистички стаж, истражувачка работа на докторанти, заедничко учество во научно-истражувачки проекти, организација на заеднички симпозиуми и научни конференции и сл.

Со потпишување на Меморандумот, го направивме првиот чекор кон доближување на капацитетите на оваа институција од Европската Унија, со цел креирање дополнителна вредност во високото образование за сегашните и идни генерации студенти на Европски Универзитет, првенствено од Факултетот за стоматологија.

Со желби за долгогодишна и плодна соработка,

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје.

January 15, 2021

Склучен Меморандум за соработка со Медицинскиот Универзитет во Пловдив

Почитувани, Ни претставува посебна чест и задоволство да ве информираме дека на ден 13.01.2021, Европски Универзитет Скопје склучи Меморандум за соработка со Медицинскиот Универзитет во Пловдив, […]
December 21, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР КОЛОКВИУМ – ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2020/21

Почитувани студенти, Пријавувањето на вториот колоквиум во зимскиот семестар од академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 21.12 до 25.12.2020 година. Согласно глобалниот […]
December 17, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ ЗА ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД I и II ЦИКЛУС

Почитувани дипломирани/магистрирани студенти, Доделувањето на дипломите за завршено високо образование од I и II циклус ќе се одржи на ден 18.12.2020 (петок) со почеток во 11:00 […]
November 30, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА

Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите од декемвриската испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 01.12 до 04.12.2020 година. Согласно глобалниот […]