Image

Почитувани студенти,

По одлука на Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, Ве известуваме дека:

  • СЕ ВОВЕДУВА полагање на испити и одбрана на дипломски и магистерски трудови, со физичко присуство, во летен семестар (јунска испитна сесија), во академската 2020/2021 година.
  • За студентите кои се наоѓаат надвор од државата, полагањето на испити, одбрана на дипломски и магистерски трудови ќе се спроведува on-line.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите во јунската испитна сесија ќе се спроведе во периодот од 14.06 до 25.06.2021 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

Со почит,

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

June 8, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ИЗМЕНА ВО НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА 2020/2021

Почитувани студенти, По одлука на Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, Ве известуваме дека: СЕ ВОВЕДУВА полагање на испити и одбрана на дипломски и магистерски трудови, […]
June 1, 2021

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.ЈУНИ

Почитувани идни студенти, Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина […]
May 31, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА 2020/21

Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите од јунската испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 01.06 до 07.06.2021 година. Согласно глобалниот […]
May 4, 2021

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.MAJ

Почитувани идни студенти, Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина […]