Декан на ФДМ Доц. д-р Катерина Василева Гешоска

Декан на ФДК Проф. д-р Александар Нацев
јуни 1, 2022
Декан на ФИ Доц. д-р Маја Саревска
јуни 1, 2022
kate

Доц. д-р Катерина Василева Гешоска е родена 17.05.1983 во Велес.  Дипломирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” –Скопје во 2007 година  Во 2008 година се стекнува со работна лиценца- Доктор по општа стоматологија. Во 2011 година запишува специјализација на Стоматолошкиот факултет, оддел стоматолошка протетика. Специјализацијата ја завршува во предвидениот рок, по што во 2014  започнува  Докторски студии по фиксна стоматолошка протетика, на тема“ Процена на внатрешно налегнување и маргинална дискрепанца кај  целосно керамички и металкерамички коронки ”. Истите ги завршува во јануари 2019 година.

Својата професионална кариера ја започнува во 2008 во специјалистичка ординација по протетика ПЗУ ‘Др Петар Зафиров и Др. Лорета Василева’.  Во 2013 година се вработува со редовен работен однос во ПЗУ ‘Д-р Бојо Андрески’ при Европскиот Универзитет, како специјалист по стоматолошка протетика. Во октомври 2014, е назначена за асистент на катедрата за Стоматолошка протетика при Стоматолошкиот факултет. По завршувањето на докторските студии, во 2019 година, ја започна својата дејност како Доцент, од група предмети-Фиксна стоматолошка протетика. Автор и коавтор е на повеќе стручни стоматолошки трудови, учествувала на  домашни и странски  меѓународни конгреси и конференции. Од септември 2019,  и сеуште, ја извршува функцијата Декан на факултет за дентална медицина при Европски Универзитет, Скопје.