Декан на ФЕН Проф. д-р Александра Станковска

Декан на ФИ Проф. д-р Игор Лазов
јуни 1, 2022
Декан на ФПН Доц. д-р Марјан Габеров
јуни 1, 2022
aleksandra

 

Проф. Д-р Александра Станковска е вработена на Европскиот универзитет-Скопје од неговото основање. Во 2017 година е избрана во наставно научно звање Редовен професор од областа на Финансии; во 2019 година е  избрана за Декан на Факултет за економски науки, Европски Универзитет –Скопје.

Дополнително работно искуство стекнува на меѓународни научно – истражувачки проекти:  (2015) Научно истражувачки проект, Oпштествените димензии на изборниот процес – примерот на Rепублика Mакедонија, ЕУРМ; (2005 – 2008) Researcher, NATO SfP – 982063, Management of Security Related R&D in Support of Defence Industrial Transformation, Skopje; (2004) Trading program in banking and finance, organized by ” Banking & Finance Centre –Skopje” in cooperation with ”Bankakademie International Trading and Consultancy Services”–Frankfurt.

Mентор е на поголем број магистерски и дипломски трудови, член на бројни Рецензентски комисии за оценка и одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови, Комисии за признавање испити. Aктивна е во низа Програмски одбори, учествува на значајни Меѓународни конференции, симпозиуми, работилници, академски средби и дебати во земјава и странство, а се јавува и како рецензент на научни, стручни трудови и останати публикации.

Проф Д-р Станковска е автор на пет универзитетски учебници (Банкарство, Меѓународни финансии, Инвестиционен менаџмент, Финансиски пазар и институции, Инвестиции менаџмент – вреднување на капиталот и компании), коавтор на два универзитетски учебници и на над 100 трудови, објавени во меѓународни и домашни списанија, зборници, годишници и монографии/