Декан на ФПН Доц. д-р Марјан Габеров

Декан на ФЕН Проф. д-р Александра Станковска
јуни 1, 2022
Декан на ФАД Проф. д-р Гордана Вренцоска
јуни 1, 2022
mace

Д-р Марјан Габеров е професор на Факултетот за правни науки при Европски Универзитет – Скопје. Гимназиското образование го завршува во гимназијата “Кочо Рацин” во Велес. Додипломските студии ги завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје. Постдипломските студии ги завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје на насоката казнено право, одбранувајќи го магистерскиот труд. На Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје, ја одбранува докторската дисертација каде што се стекнува со академско звање “доктор на правни науки, од област казнено право”.