Факултет за стоматологија – мисија

Вовед и мисија

Почитувани идни студенти, Факултетот за дентална медицина во состав на Европски Универзитет, повеќе од една декада посветено работи и придонесува за создавање квалитетни здравствени работници кои се грижат за вашето орално здравје.

Тргнувајќи од поставената основна цел на ЕУ Скопје да обезбеди квалитетно образование, еквивалентно на најдобрите образовни институции во Европа и во светот и обрските од член 20 од Законот за високо образование, Факултетот за дентална медицина своите активности ги насочува кон организирање на квалитетна високообразовна, научно-истражувачка и применувачка високостручна дејност во студиското и научно-истражувачкото подрачје на стоматологијата, воведува современи европски и меѓународни образовни трендови, врши квалитетна евалуација според европските и интернационални стандарди и остварува соработка со други високообразовни институции во земјата и во странство. Факултетот за дентална медицина своите наставни, научни, здравствени и истражувачки цели ги остварува во рамките на просторните, технолошките и административните услови на Европски Универзитет Скопје и ПЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф д-р Бојо Андрески“. Клиничкиот центар има склучено договор за соработка и со ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон„ – Скопје.

Во текот на студиите, студентите следат квалитетна теоретска и практична настава на една локација - универзитетската зграда во центарот на Скопје. Теоретската настава се изведува во предавални и амфитеатри со природна дневна светлина, преку соодветни нагледни средства (компјутер, проектор, смарт табла, итн.), модели, графикони и сл. За претклиничка и клиничка настава на располагање се 1.200 m2 целосно опремен простор, и тоа: 2 лаборатории за протетика, 2 лаборатории за забна техника, 2 вежбални, 32 работни места (стоматолошки столови), заботехничка лабораторија и рентген дијагностика. Во текот на студирањето, студентите се воведени и во дополнителни активности како што се студентски конгреси, Erasmus+ мобилност - студиски престој во повеќе држави, работилници од гости-предавачи, меѓународни конференции, стручни состаноци, итн.

Со совладување на наставната програма на факултетот за дентална медицина при ЕУРМ, студентите ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе се оспособат сигурно да ги презентираат стекнатите знаења во ефикасно решавање на актуелните стоматолошките проблеми, ефикасно да ги користат условите и времето за работа и ќе се оспособат за несебична тимска работа. Стекнатото знаење како и научените вештини заедно со професионалните ставови ќе му овозможат на докторот по дентална медицина поголема самостојност и сигурност во идната работа.

Покрај грижата за едукацијата на студентите и грижата за едукација на дипломираните студенти како врвен приоритет на Факултетот за стоматологија е да води постојаната грижа за континуиран развој на факултетот и наставниот кадар преку користење на литература од сопствената библиотека опремена со читална и комплетна покриеност со мрежа на компјутери со слободен пристап на интернет за наставниците, соработниците и студентите. За квалитетното образование на студентите се грижи нашиот кадар од преку 30 редовно вработени наставници, асистенти и здравствени работници од кои 14 специјалисти – наставници од сите области на стоматологијата, како и голем број надворешни соработници, успешни и признати во својата дејност. Доделената Благодарница од Стоматолошката Комора на Македонија за развој на стоматолошката наука e големо признание за нивната успешна работа и исклучителните резултатите во создавање квалитетни доктори по дентална медицина. Стоматологијата е една од оние професии кои ви нудат перспектива за личен и професионален развој и добра заработувачка во било кој дел од Европа и светот. Дипломата што ќе ја добиете по завршување на студиите е меѓународно призната и ви отвора голем број можности за вработување и перспективна стоматолошка кариера, за што сведочат бројни примери од нашите дипломирани студенти.

Студиски програми од прв и втор циклус

На Факултетот за дентална медицина се организираат академски студии од прв и втор циклус, во траење од десет семестри и Стручни студии на прв циклус за забни техничари, во траење од шест семестри.

Студиската програма на Факултетот за дентална медицина се спроведува во согласност со Законот за високо образование и правилниците на универзитетот.

Студиската програма - интегрирани академски студии од I и II циклус во траење од 5 години ви овозможува да стекнете звање ДОКТОР ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА, 300 ЕКТС и ниво на квалификација VII-Б, што е основа да го продолжите вашето образование со специјализација во одредена стоматолошка област или да запишете III циклус докторски студии. Програмата е усогласена согласно стандардите на европскиот образовен простор и истата е (ре)акредитирана на македонски и англиски јазик (2018/2019).

Факултетот за дентална медицина спроведува и стручни студии за Забни техничари во траење од 3 години, по чие завршување стекнувате звање ДИПЛОМИРАН СТРУЧЕН ЗАБЕН ТЕХНИЧАР во областа на ПРОТЕТИКА И ОРТОДОНЦИЈА, 180 ЕКТС кредити и квалификација VI-Б.

Уписот на студенти на Факултетот за дентална медицина и Стручните студии на прв циклус за забни техничари се врши по претходно објавен Конкурс за упис во кој детално се прецизирани условите за запишување и роковите за запишување на студенти.

Студиска програма I и II циклус интегрирани 5-годишни академски студии по Стоматологија: Програма Стоматологија 300ЕКТС, 2018/2019

Решение за (ре)акредитација – Стоматологија: (ре)Акредитација ОАЕ (Стоматологија)

Решение за почеток со работа – Стоматологија: Почеток со работа МОН (Стоматологија)

Решение за акредитација на Англиски јазик – Стоматологија: Акредитација EN (Стоматологија)

Решение за почеток со работа – Стоматологија (EN): Почеток со работа МОН (Стоматологија EN)

Студиска програма I циклус стручни студии Забни техничари: Програма Забни техничари 180ЕКТС, 2018/2019

Решение за (ре)акредитација – Забни техничари: Акредитација (Забни техничари)

Решение за почеток со работа – Забни техничари: Почеток со работа МОН (Забни техничари)

 

Студиска програма I и II циклус интегрирани 5-годишни академски студии по Дентална медицина: Програма Дентална медицина 300ЕКТС, 2023/2024

Решение за (ре)акредитација – Дентална медицина: Акредитација ОАЕ (Дентална медицина – прв и втор циклус)

Решение за почеток со работа – Дентална медицина: Почеток со работа МОН (Дентална медицина – прв и втор циклус)

Студиска програма I циклус стручни студии Забни техничари: Програма Забни техничари 180ЕКТС, 2023/2024

Решение за (ре)акредитација – Забни техничари: Акредитација ОАЕ (Забни техничари – прв циклус)

Решение за почеток со работа – Забни техничари: Почеток со работа МОН (Забни техничари – прв циклус)