ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/21 ГОДИНА

Склучен Меморандум за соработка со Медицинскиот Универзитет во Пловдив
јануари 15, 2021
ФЕН распоред Февруарска испитна сесија – зимски семестар 2020-2021
февруари 2, 2021
Прикажи ги сите

ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/21 ГОДИНА

Почитувани студенти,

Доколку сте заинтересирани за трансфер од друга високообразовна установа – искористете ја можноста да се запишете до второто затворање на матичната книга (најдоцна до 15.02.2021) со премин на некој од факултетите во состав на Европски Универзитет, следејќи ги претставените 5 чекори:

Преземете го електронскиот формулар-барање за трансфер од следниот линк: e-Барање за трансфер/упис до второ затворање на матична книга 2020/21

Подетални информации околу условите за упис, потребните документи и постапката за аплицирање можете да добиете од Конкурсот за трансфер со пренос на кредити и запишување студенти на прв и втор циклус студии (до второ затворање на матичната книга), објавен интегрално во продолжение:

Врз основа на чл.103 ст.1 т.3, чл.148 и чл.149 од Законот за високото образование („Сл.Весник на РМ“ бр.82/18) и согласно чл.15 од Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти („Сл.Весник на РМ“ бр.102/18), Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, го распишува следниот:

 

К О Н К У Р С

за трансфер со пренос на кредити и

запишување студенти на прв и втор циклус студии во студиската 2020/2021 година

до второ затворање на матичната книга

 

Трансфер со пренос на кредити и запишување студенти во студиската 2020/2021 година до второ затворање на матичната книга, се врши на акредитираните студиски програми од прв и втор циклус на следните факултети:

 

Факултет за економски науки Факултет за арт и дизајн
I циклус

4 год. студии

II циклус (4+1)  

I циклус

4 год. студии

II циклус
Бизнис менаџмент Бизнис менаџмент Арт и дизајн Арт и дизајн (4+1)
Маркетинг Маркетинг Арт и дизајн (3+2)
Финансии Финансии
Здравствен и фармацевтски менаџмент
Факултет за правни науки

*само во трета студиска година

3 год. правни студии

Факултет за детективи и криминалистика
I циклус

4 год. студии

II циклус
Криминалистика Безбедност (4+1)
   
Факултет за стоматологија Факултет за информатика
– 5 годишни интегрирани академски студии

– 3 годишни стручни студии за забни техничари

I циклус 4 год. студии,

Софтверско инженерство

 

ПРАВО НА УПИС ДО ВТОРО ЗАТВОРАЊЕ НА МАТ.КНИГА (трансфер и др.):

Право на упис на Факултетите во состав на Европски Универзитет, до второто затворање на матичната книга, имаат :

  • студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот (трансфер);
  • студентите кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворање;
  • студентите кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви;
  • студентите кои побрзо напредуваат во студиите;
  • студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа, доколку високообразовната установа на која биле запишани престане да работи;
  • студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа;
  • странските студенти;

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • Пријава за упис (студенски приемен лист);
  • Барање за трансфер – може да сe добие во ЕУ или да се преземе од eu.edu.mk;
  • Уверение за положени испити од високообразовната институција од каде преминувааат (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Диплома за завршено четиригодишно средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Свидетелства од сите класови од средно образование (оригинал или копии заверени на нотар);
  • За упис на II циклус, Диплома и Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус на студии; (во оригинал или фотокопија заверена на нотар);
  • Исписница од високообразовната установа од каде што ќе се врши трансферот на кредити (*по добивање согласност од Министерството за образование и наука);
  • Извод од матичната книга на родените (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Фотокопија од индекс со последен заверен семестар како активен студент;
  • 4 –ри фотографии (стандардни димензии за пасош);
  • Лекарско уверение (за студентите кои аплицираат за упис на Факултетот за детективи и криминалистика);
  • Документ за доказ на оправданите причини за запишување при второто затворање на матичната книга на запишани студенти, доколку студентот се запишува според некои од тие услови и тоа: отпусна листа, односно отпусно писмо од болничко лекување за периодот за времетраење на терминот на запишување; извод од матичната книга на умрените доколку станува збор за смрт на потесен член на семејството на студентот; приемен број од Министерство за образование и наука на за отпочната постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ (СТУДЕНТИ ОД СТРАНСКА ВИСОКООБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА:

  • Пријава за упис (студенски приемен лист);
  • Барање за трансфер – може да сe добие во ЕУ или да се преземе од eu.edu.mk;
  • Оригинал Уверение за положени испити издадено од високообразовната установа каде има статус на студент и од која преминува на ЕУ и превод на Уверението од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Решение за еквиваленција на положените испити (по издадено уверение) од Министерство за образование и наука ;
  • Решение за нострификација за завршено средно образование во странство, издадено од Министерство за образование и наука ;
  • Решение за нострификација за високо образование во странство, издадено од Министерство за образование и наука (*за трансфер на II циклус студии);
  • 4 фотографии состандардни димензии за Пасош;
  • Фотокопија од решението со кое му се дозволува привремен престој, издадено од Министерството за внатрешни работи (*по добивање од МВР);
  • Оригинална диплома за завршено средно образование (за трансфер на прв циклус на студии), односно Оригинал Диплома за завршен прв циклус на студии и Уверение, (за трансфер на втор циклус на студии); (со апостил печат на дипломата за земјите-потписнички на Хашката Конвенција, а за останатите печат од МНР) и превод на дипломата од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година и превод на свидителствата од овластен судски преведувач заверен на Нотар (за трансфер на прв циклус на студии);
  • Оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Фотокопија од важечка патна исправа – Пасош, заверена на Нотар;
  • Лекарско уверение за општата психофизичка здравствена состојба на апликантот, издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка, (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци;
  • Сертификат, потврда или диплома за познавање на англиски јазик за студентите кои ќе изберат студиска програма која се спроведува на англиски јазик (ниво Б1);
  • Сертификат, потврда или диплома за познавање на македонски јазик (ниво Б1);
  • И други документи во случај на потреба и по барање на Универзитетот, во зависност од специфичноста на конкретен случај;

РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ТРАНСФЕР И УПИС:

Рокот за доставување на потребната документација, за трансфер на домашни и странски  студенти на прв и втор циклус студии од друга високообразовна институција на ЕУ, за академската 2020/2021 година, може да се врши најдоцна до 15.02.2021 година.

Документите се доставуваат лично во Студентска служба на адреса ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ бул. Св.Климент Охридски бр.68, 1000 Скопје, Р.Македонија, или online (*скенирани оригинали) на e-mail адресата: [email protected].

Запишувањето на студентите ќе се врши по претходно добиена писмена согласност од страна на Министерството за образование и наука.

Потребните информации за условите и постапката за трансфер, како и за трошоците за упис на студентите на прв или втор циклус на студии, заинтересираните лица можат да ги добијат на веб-страната на Европски Универзитет www.eu.edu.mk, непосредно во Службата за студентски прашања, на тел. броеви: 02/3202 100 и 02/3202 101 или на e-mail адресата: [email protected].

Напомена: Согласно одлуката на управниот одбор на ЕУ, студентите кои ќе се запишат на прв или втор циклус на студии со трансфер од друга високообразовна институција на ЕУ, во академската 2020/2021 година, немаат обврска за уплата на посебен надоместок за полагање на диференцијални испити.