Проректор за настава Проф. д-р Елизабета Стамевска

Проф. д-р Владо Ванковски
јуни 19, 2022
Декан на ФДК Проф. д-р Александар Нацев
јуни 1, 2022
beti

Проф.д-р Елизабета Стамевска – ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА

е-mail: [email protected]

 

Проф.д-р Елизабета Стамевска е вработена на Европскиот универзитет од неговото основање.

Родена е во Скопје, каде што го оформува високото образование и завршува магистерски студии од областа на МБА Менаџмент. Во 2012 година ја одбрани својата докторската дисертација, под наслов:,,Влијанието на корпоративното управување врз профитабилноста, ефикасноста и репутацијата на банките”, со што се здобива со научно звање: Доктор на економски науки.

Професионалната кариера ја започнува 2001 година, како директор на ММ Колеџ – Скопје,  2003 е поставена за заменик – генерален директор на Факултетот за општествени науки, а од 2005-2008 работи како заменик – генерален директор на Европскиот Универзитет – РМ.

Во периодот од 2008 до 2019 година ја извршува функцијата генерален секретар на ЕУРМ.

Март, 2013 е избрана во наставно – научно звање: доцент, а Ноември 2017 во вонреден професор на Факултетот за економски науки година, од областа Менаџмент.          На прв и втор циклус, ги предава предметите:

  1. Деловно планирање
  2. Стратегиски менаџмент
  3. Менаџмент на мал бизнис
  4. Меѓународен стратегиски менаџмент
  5. Менаџмент и мотивација
  6. Корпоративно управување
  7. Претприемништво
  8. Лидерство

На 1-ви Октомври, 2019 година, на предлог од Ректорот, од страна на Универзитетскиот Сенат е избрана за ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА.

Во изминатава декада, активно партиципира во работата на Ректорската конференција на приватните универзитети во РМ, а во Март 2020 година е избрана за Заменик – претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи во Македонија.

Mентор е на голем број магистерски и дипломски трудови, член на бројни Рецензентски комисии за оценка и одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови, Комисии за признавање испити, Комисии за избор на истакнати стручњаци од практиката за изведување клиничка настава и на други тела.

Во текот на нејзината академска кариера, избрана е во низа Организациони и Меѓународни програмски одбори, учествува на значајни Меѓународни конференции, симпозиуми, работилници, академски средби и дебати во земјава и странство, а се јавува и како рецензент на неколку учебници, повеќе научни, стручни трудови и останати публикации.

Проф.д-р Елизабета Стамевска е автор на три универзитетски учебници, авторизирани предавања и на над 70 трудови, објавени во меѓународни и домашни списанија, зборници, годишници и монографии. Ангажирана е на неколку значајни меѓународни научни проекти, а има остварено и студиски престои на странски универзитети, преку ЕРАЗМУС+ програмата за мобилност на наставен кадар.

За време на своето долгогодишно работно искуство во приватното високо образование, тесно соработува со Управниот одбор, Сенатот, Ректорската управа, наставниот и соработнички кадар на факултетите, како и со административно-стручните служби.

Како професор и проректор за настава, од научен и стручен аспект, учествува во изработката на мноштво елаборати, статути, студиски и наставни програми, правилници и други општи акти, кои директно се поврзани со функционирањето на Европскиот универзитет Скопје.

Уште од самите почетоци, во академската сфера,  Проф.д-р Елизабета Стамевска е активен промотор на приватното високо образование, па, од тука, земајќи го предвид нејзиниот ангажман, од страна на Управниот одбор и Ректорската управа има добиено неколку пофалници и награди, за значаен придонес во севкупниот развој на Европскиот универзитет.

Години наназад, таа партиципира и во поширокото општествено  опкружување, преку организација и учество во голем број хуманитарни акции, како:

  • Прв претседател и еден од основачите на граѓанското здружение  „Лајонс Клуб Алфа“, кој е интегрален дел од „Лајонс Клубс – Македонија“ и светската хуманитарна организација „Лајонс Клубс Интернационал“.
  • Член на Македонската асоцијација за човечки ресурси и
  • Член на Организацијата на жени на град Скопје.