Проф. д-р Владо Ванковски

Проректор за меѓународна соработка Проф. д-р Зоран Јолевски
март 21, 2023
Проректор за настава Проф. д-р Елизабета Стамевска
јуни 1, 2022
vanko

Владо Ванковски , роден во Скопје на 17.05.1960 година каде што завршил средно училиште во гимназијата Раде Јовчевски-Корчагин со одличен успех.На стоматолошкиот факултет во Скопје се запишал 1978 год. Дипломирал 1984 година со среден успех 8.20 и веднаш е примен на Стоматолошкиот факултет како демонстратор.

Од областа на стоматолошката протетика специјализирал 1990 година кога е избран и за асистент на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во текот на работењето учествувал на стручни симпозиуми и семинари , а воедно имал и стручни престои во реномирани стоматолошки центри низ Европа. Публикувано има 44 стручни и научни трудови ( до 2011 год.) .( Рецензирани во билтен 535-1990 год.,598-1993 год.,802-2002 год.,988-2010 год. – Билтени –УКИМ )

Магистерски труд ( специјалистички труд ) :

 Компаративна анализа на забалото со помош на Периотест кај интактни природни заби , ендодонтско третирани заби и протетски помагала

            Докторски труд :

Стрес апсорбер како додаток на дистално поставен имплантат – носач на фиксно протетичка конструкција

 

Избран за Наушен соработник – 2005 год. на Стоматолошкиот факултет ( УКИМ )

Избран за Доцент – 2006 год. на Стоматолошкиот факултет  ( УКИМ )

Избран за Вонреден професор – 2010 год. на Стоматолошкиот факултет – ЕУРМ

Избран за Редовен професор – 2015 год. на Стоматолошкиот факултет – ЕУРМ

 

Издадени универзитетски учебници :

  1. Супраструктури над имплантати ( 20005 )
  2. Дентална имплантологија ( 2009 )

 

 

Стручни усовршувања :

            Лихтенштаин – Шаан , Германија – Хаген , Германија – Манхајм , Германија – Франкфурт , Бугарија – Софија . Стоматолошки факултети во Загреб, Виена, Белград, Љубљана и Пловдив .

 

Дејности од интерес на здравството и образованието :

 

2019 –                      Ректор на ЕУРМ

2015 –  2019            Декан на Стоматолошкиот факултет – ЕУРМ

2011 – 2012             Директор на Универзитетскиот стом.клинички центар – ЕУРМ

2009                        Член на Комитет за унапредување на здравството на Р.М.

2009 – 2010             Продекан на Стоматолошкиот факултет – УКИМ

2008 – 2009             Потпредседател на 4К (Стom. Словенија,Хрватска , БиХ и Македонија)

2006 – 2010             Председател на Стоматолошка комора на Македонија

2000 – 2002             Член на управен одбор на ФЗО на Македонија

2000 – 2004             Член на совет на град Скопје

2000 – 2003             Директор на Стоматолошки Клинички центар – Св.Пантелејмон-Скопје

1998 – 2000             Пом.директор на Стоматолошки Клинички центар – Св.Пантелејмон