Проректор за меѓународна соработка Проф. д-р Зоран Јолевски

Декан на ФАД Проф. д-р Гордана Вренцоска
февруари 28, 2024
Проф. д-р Владо Ванковски
јуни 19, 2022
јоле

Проф. д-р Зоран Јолевски, проректор за меѓународна соработка на Европскиот универзитет Скопје

Амбасадорот Јолевски е проректор за меѓународна соработка на Европскиот универзитет Скопје. Во 2021 година и првата половина на 2022 година професорот Јолевски бил Fellow на Универзитетот Харвард. Покрај на Европскиот универзитет Скопје тој, исто така, предава на врвни американски и европски универзитети. Амбасадорот Зоран Јолевски има 30-годишно искуство со академско, дипломатско, менаџерско и консултантско искуство во доменот на дипломатијата, меѓународната трговија, меѓународниот развој, националната безбедност, јавно-приватниот дијалог и развојот на приватниот сектор. Професорот Јолевски во моментов е консултанат на неколку мултинационални компании.

Тој беше министер за одбрана и амбасадор во САД. Професорот Јолевски беше генерален секретар на Кабинетот на починатиот македонски претседател Борис Трајковски. Воедно беше главен советник на македонската Влада за пристапување во Светската трговска организација. Работел во различни функции во Министерството за надворешни работи од 1988 до 1999 година, вклучително и прв секретар во Постојаната мисија на Македонија во седиштето на ОН во Женева од 1994 до 1999 година, а во 1999 година беше заменик национален координатор за косовската бегалска криза.

Професорот Јолевски бил член на управни одбори на повеќе компании и невладини организации и имал на повеќе позиции во органите на Обединетите нации од областа на меѓународната трговија. Д-р Јолевски е претседател на Советодавниот одбор на Амбасадорската тркалезна маса, во Сан Диего, САД и е претседател на Институтот за стратешки иницијативи и политики. Д-р Јолевски беше почесен член на Одборот на „Македонија 2025“, а моментално е член на Советодавниот одбор на оваа организација. Тој беше основач и прв претседател на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – „Охрид“, а беше и претседател на „Меѓународната фондација Борис Трајковски“. Воедно беше и претседател на Ликовната колонија Дебарца.

Јолевски докторира на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“во областа на меѓународнате економија и магистер на науки по меѓународно трговско право на Правниот факултет на истиот универзитет. Автор е на три книги и бил главен уредник на неколку монграфии. Автор е на повеќе од педесет статии.

Bio Vice Rector Jolevski MK short 2023

Bio Vice Rector Jolevski eng short 2023